ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ако има сонежи за надзорната компанија да се пријави во ОЈО

Ковачевски: Ако има сонежи за надзорната компанија да се пријави во ОЈО

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите што се сомневаат во компаниите кои вршат надзор на конзорциумот „Бехте&Енка“ за изградба на Коридорот 8 и 10-д, нека ги достават своите докази до Јавното обвинителство. Според премиерот, Владата нема пристап до евалуација и проценка на документацијата и интегритетот на компаниите кои го надгледуваат проектот вреден 22,6 милиони евра, предводен од италијанската компанија „ИРД Инженеринг“.

Но, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вели дека нема кого да им ги довери доказите за интегритетот на фирмите кои, според него, го прекршуваат законот.

Во конзорциумот за надзор на работите во Коридорот 8 и 10-д покрај „ИРД Инжињеринг“ и „Евро Консалтинг“ се и компаниите „Електра Солушен“ и „ЕПТИСА“. Договорот беше потпишан на 2 февруари годинава во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Првиот тендер за избор на надзор пропадна бидејќи водечката компанија не ја обезбеди потребната банкарска гаранција./Alsat.mk

Адријан Керими

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button