ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на дебатата за избор на нови министри

Во Собранието е објавена едночасовна пауза на стартот на денешното продолжение на 104-седница за владината реконструкција, на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски  за да се подготват за расправата за предлогот за избор на нови министри – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Законодавниот дом после полноќ ја исцрпе листата на пријавени говорници за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи од Алтернатива, а на претходните заседанија и на неговите сопартијци министрите за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, кои ќе бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер – Алијанса за Албанците. Нивните разрешувања се првата точка од 104. седница, но по заокружувањето на претресите не се гласаше.

Мицевски во процедедуралното барање рече дека бараат поединечно да се расправа за секој од предложените министри, согласно членот 221 од собранискиот Деловник.

-Треба да дозволите поединечно да се дискутира согласно востановената пракса, а бидејќи синоќа работевме до 1 30 часот барам пауза од еден час за да се подготвиме подобро за она што следува, рече Мицковски

Спикерот Џафери даде еден час пауза, а седницата за пратенички прашања која требаше да започне во 11 часот, ја презакажа за во 12 часот со напомена дека ќе трае до 19 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button