СПОРТ

Куман: Резултатите покажуваат дека сме на добар пат

Барселона одигра втор силен натпревар во Примера и како гостин ја победи Селта со 3:0.

Ова беше прв успех во последните 5 години за Каталонците на „Балаидос“, а тој дојде и покрај црвениот картон на Клеман Лангле непосредно пред паузата.

– Јас сум многу горд на тимот. Игравме дисциплинирано, и ова беше задолжително со оглед на фактот дека останавме со човек помалку. Дури и во намален состав, ја остваривме целта, изјави Куман.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button