ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кумановската група штрајкува со глад, Министерството за правда се уште ги разгледува нивните барања

Една недела не е доволно за правосудните органи да ги разгледаат барањата на 5-те осуденици од Кумановската група, кои штрајкуваат со глад во затворот Шутка. Министерот за правда Никола Тупанчески, рече дека за 4 од 9 штрајкувачи веќе го прифатиле договорот за семејни посети. Но, поради кривичните дела што се осудени, тој рече дека е потребно време да се разгледаат безбедносните мерки, дали  има ризик за бегство, доколку им се даде право на слободен викенд дома.

На прашањето дали трансферот на дел од кумановската група на Косово може да биде условен со екстрадиција на двајца осуденици од случајот Монструм, тој рече дека во меѓународното право постои таква практика кога станува збор на национален интерес.

Во меѓувреме, заменик министерот за правда Агим Нухиу, појасни дека косовските власти официјално не поднеле барање за екстрадиција на осудените, туку барањата се индивидуални од страна на осудените за трансфер.

„За пошироката јавност појаснуваме дека во Министерството за правда, нема официјално барање за екстрадиција на осудени лица во случајот Куманово, туку има поединечни барања на осудените лица за трансфер во Република Косово. Едно е екстрадиција, друго е трансфер на осуденици“, нагласува Нухиу.

На седмиот ден од штрајкот со глад, петмина осуденици продолжуваат да одбиваат храна, лекарска помош и да се шетаат низ затворот „Шутка“. Бараат олеснувања, слободни викенди за дома и приватни соби за семејни посети. Од Управата за извршување санкции, рекоа дека за две недели ќе ги префрлат во „Идризово“, бидејќи затворот „Шутка“ нема надлежност за овие олеснувања за осуденици над 5 години. /Алсат.мк

 Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button