РЕГИОН

Курти: Дијалогот со Белград не е ни прв ни втор приоритет

Претседателот на Движењето Самоопределување Албин Курти изјави дека дијалогот со Србија не може да биде прв или втор приоритет на владата. По состанокот со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, Курти рече дека не ја негира важноста на дијалогот со Србија, но дека тој треба да биде добро подготвен и искрен.

„Уште еднаш објаснив вдека победивме на овие избори со нашата програма за правда и вработување, дека сме во услови на пандемија ковид-19 и оти не сме против дијалог, но сакаме тој да биде принципиелен и добро подготвен“, рече Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button