ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска кажа дали мерката „Мој ДДВ“ ќе продолжи и понатаму

Директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат говореше и за мерката „Мој ДДВ“. Информираше дека по нејзин основ кај граѓаните, во последниот квартал завршиле 491.5 милиони денари. Запрашана дали оваа мерка ќе продолжи и понатаму Лукаревска со одговор:

„Апсолутно – да. Сметам дека таа ги дава резултатите. Сметам дека таа е една од поатрактивните мерки што ги донесе оваа влада. Не дека ја спроведува УЈП, напротив. Го гледаме интересот на граѓаните. Кога ќе заврши одредено тромесечје веднаш се јавуваат, прашуваат кога ќе има поврат на средства од Мој ДДВ и тн“, рече Лукаревска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button