СПОРТ

Мајами го „демолира“ Дончиќ на Далас

Кошаркарите на Мајами Хит им нанесоа тежок пораз на Лука Дончиќ и неговиот тим Далас Маверикс, со резултат 125:110, што е прв пораз на домашен терен сезонава за тимот од Тексас. На домаќините не им помогна ниту рекордот на Дончиќ кој го затвори мечот со 33 поени. Во меѓувреме Хиро со 25 и Батлер со 23 поени го предводеа Мајами до шестата победа од почетокот на сезоната. Во другите натпревари Феникс на домашен терен го совлада Њу Орлеанс со 112:100. Крис Пол, во вториот дел постигна 14 поени и придонесе за победата со 18 асистенции, искачувајќи се од петтото на третото место на листата на најдобри асистенти на сите времиња во НБА. Во меѓувреме во Лос Анџелес Лејкерс, предводен од Леброн Џејмс, го победи Хјустон со 119-117. Леброн Џејмс забележа 30 поени и 10 асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button