СПОРТФУДБАЛ

Македонија фаворит, бара прва победа против Молдавија

Македонската фудбалска репрезентација по пауза од неколку месеци повторно е на едно место. Cелекторот Милевски реши македонската база да биде Турција, односно туристичкиот центар Анталија, каде ќе се одиграат и натпреварите со Молдавија и Црна Гора.

Прв ривал ќе биде Мoлдавија, селекција која што не е така позната на нашата јавност. Досега двете селекции одиграле само три меѓусебни натпревари, еден пријателски и два во квалификациите за СП и интересно е тоа што сите средби завршија без победник (1-1, 2-2, 0-0). Овој податок сигурно ќе биде дополнителен мотив за избраниците на Милевски в петок да одиграат најдобро што знаат и како што претходно ќе се договорат и да ја впишат првата победа над селекцијата која што е на 155. место на најновата ранг листа на ФИФА.

Македонија секако дека е фаворит на оваа средба, но она што е на хартија треба да се докаже на терен. Наши најголеми адути и овој пат ќе бидат Миовски, Елмас, Барди, Чурлинов, а Милевски првпат во селекцијата го повика и Лирим Ќамили од Хвидовре, Данска. Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра во Анталија, в петок со почеток од 15:30 часот./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button