РАКОМЕТСПОРТ

Македонија почнува со подготовките, но без тројца повредени ракометари

Македонската машка ракометна репрезентација стартува со подготовките за она што следува во мај, а тоа е бараж мечот против Фарски Острови за пласман на пласман на Светското првенство 2025 година.

Селекторот, Кирил Лазаров, во хотелот „Александар Палас“ ја закажа прозивката во рамките на ЕХФ неделата во која нашите ракометари ќе одиграат два пријателски натпревари. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија, контролните мечеви ќе се играат во градот Браила на 15. и 16. овој месец.

Од првичниот список од 21 играч на Лазаров ќе има промени, бидејќи тројца ракометари се повредија. Најсериозна е повредата на Ненад Костески, кој долго време ќе биде надвор од терените. Лазаров поради иста причина нема да смета и на Павле Атанасијевиќ, и на Томислав Јагуриновски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button