ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонските универзитети повторно не се меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа

Денеска повторно е објавено Академското рангирање на универзитетите во светот, или познато како Шангајска листа. Она што е поразително за нашето образование е фактот што и годинава нема ни еден од македонските универзитети меѓу најдобрите 1.000 во светот.

Оваа година, највисоко се рангирани универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Меѓу земјите од регионот, Универзитетот во Атина се наоѓа од 300 до 400 место, а од 400 до 500 место е рангирани Универзитетот во Белград, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Загреб. Универзитетот во Нови Сад се наоѓа од 900 до 1.000 место на Шангајската листа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button