ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за екологија, до крајот на оваа година нема да го зголеми бројот на инспектори на терен

Бројот на инспектори за животна средина кои би го следеле квалитетот на животната средина нема да се зголеми оваа година, како што беше најавено и како што постојано бараа здруженијата за животна средина. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, вели дека во овој период се зголемени контролите на инспекторите на терен, но ангажманот на нови инспектори е планиран во буџетот за следната година.

„Направени се  вонредно големи проверки, конкретно во време кога имавме поголемо загадување на воздухот во Тетово, Кавадарци и Куманово. Имаше повеќе проверки. Соработката со локалните инспекторати е зголемена. Сега поднесовме и барања за буџетот за 2021 година, да имаме повеќе можности во буџетот, да ангажираме уште повеќе инспектори“, рече Насер Нуредини, министер за екологија.

До крајот на годинава беше ветено и поправка на мерните станици за квалитетот на воздухот. 4 од 18 станици се полу-функционални и не ги детектираат сите штетни честички во воздухот. Министерството ќе поправи некои од нив. Во меѓувреме, ќе се гласа за донации за целосна поправка на сите други станици.

“Ние од нашиот буџет ќе санираме неколку од нив сега во декември и во соработка со „СИДА“ од Шведска имаме проект и чекаме да дојдат други елементи до крајот на годината и многу од станиците во нашата земја да бидат снабдени. Но, ние сме информирани дека има доцнење од нивна страна, поради Ковид. Сега треба да чекаме уште еден или два месеци“, додава Нуредини.

Голем број закони од почетокот на годината што се очекува да помогнат во зголемувањето на квалитетот на воздухот останале неусвоени. Власта планира да ги зголеми казните за загадувачите, кои според нив, досега беа ниски. Општините ќе бидат обврзани да креираат планови за управување со состојбата со загадувањето на воздухот и да преземат мерки.

Во овој мандат, министерот Нуредини ја понесе и одговорноста за прогласување на Шар Планина за национален парк. Јавната дебата штотуку заврши и предлозите треба да бидат разгледани. Министерот се надева дека и ова ќе биде затворено до крајот на годината.

„Разговарав и со експерти. Заедно со меѓународни експерти ќе одиме во селата да разговараме со граѓаните, да ги слушнеме уште еднаш граѓаните какви коментари имаат и да ги земеме предвид, но врз основа на ова, има надеж и волја да го сториме тоа до крај на годината”, рече Нуредини.

Политиките за заштита на животната средина се клучни за процесот на интеграција на земјата во Европската унија.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button