ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда, со измени и дополнувања на Кривичниот законик, предвидува затвор до три години за напаѓачите на новинари и медиумски работници

Нападите и заканите кон новинарите се зголемуваат од година во година. Во текот на 2020 година, во нашата земја се евидентирани 14 нови случаи. Повеќето од овие напади биле врз новинарки. Додека само за еден случај има судска разрешница. Поради оваа причина, министерот за правда подготви измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои обвинителството ќе се обврзе да ги гони заканите кон новинарите исто како и за службените лица.

Од Здружението на новинари на Македонија велат дека сегашните измени и дополнувања на Кривичниот законик се задоволни од предлогот, бидејќи Обвинителството или полицијата по службена должност ќе ги гонат напаѓачите.

Адвокатот Иван Брешковски, кој има долгогодишно искуство со напади врз новинари, вели дека со измените на Кривичниот законик, ќе биде потешко судството да ги одлговлекува случаите со напади врз новинари.

Предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик во моментов се наоѓаат во Владата во системот ЕНЕР. Се очекуваат да бидат разгледани во Собранието во втората половина на мај.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button