ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристичките работници бараат да имаат приоритет за вакцинација

Хотелските и туристичките работници од земјава за сега извисија за вакцинација дома. Не само што не се на приоритетната листа, туку велат дека нема ниту најава кога и дали воопшто ќе бидат вакцинирани.Затоа добар дел неможејки да чекаат веќе се вакцинирале во Србија, бидејки туристичката сезона е веќе на прагот. Од Хотелската асоцијација уште пред три месеци побараа да бидат во приоритетна група.

„Мислиме дека можеше истата ситуација подобро да се изменаџира.Ние преку стопанската комора, туристичкиот еснаф се организиравме со колегите од Србија и се вакцинираа некаде околу 2000 туристички работници во Ниш, Белград и Врање. Се надеваме преку овие начини ќе успееме да се вакцинираме,но ќе ни треба подршка и од нашата земја, за да бидеме подготвени за престојната туристичка сезона“.

Меџедовиќ вели дека во следниот период во Србија ќе се вакцинираат уште 2000 туристички работници. Некои на сопствена иницијатива се пријавиле за вакцинација кај северниот сосед.Чекаат повик.

„Јас немав време веќе да чекам, бидејки многу се доцни со вакцините, а  туристичката сезона е на прагот. Аплицирав во Врање и чекам повик, најверојатно за неколку дена ќе одам да се вакцинирам со сопругата и со некој од персоналот. Нема друго решение, бидејки немаме време да чекаме“.

Угринович вели дека имаат план. Откако ќе се вакцинира целиот персонал, тоа јавно да го објават, со цел да привлечат што е можно повеќе гости ова лето.

Угренович вели дека имаат план. Откако ќе се вакцинира целиот персонал, тоа јавно да го објават,со цел да привлечат што е можно повеќе гости ова лето.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button