МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство следната недела со став за доктор Асани од Струга

Министерството за здравство следната недела ќе ги разгледа сите наоди во врска со случајот на директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани по што ќе заземат став, најави министерот за здравство Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање.

-Јас пред некој ден спомнав што беше напишано во стручниот извештај и апсолутно не сакам да навлегувам во експертиза на колегите во делот на стручниот извештај, меѓутоа не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод којшто е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став, изјави Филипче.  

Додаде дека целокупниот извештај е јавен документ и  нема никаква доверливост, а во однос на контролата повтори дека покрај извештајот постојат и други механизми на контрола на стручната работа.

Доктор Асани од пациенти е обвинет за лекарска грешка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button