ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски бара избори, Заев одговори: „Избори ќе нема до 2024 година“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не очекува суштински промени од најавената реконструкција на владиниот кабинет. И покрај тоа што признава дека неговата идеја за брзи парламентарни избори ќе пропадне доколку се прошири мнозинството, Мицкоски денеска изјави дека има планови да се дојде до смена на власта со демократски чекори.

Мицкоски повтори дека решение за политичката криза се предвремени парламентарни избори. Но, премиерот Заев возврати – нема да има нови избори до 2024 година кога завршува мандатот на актуелната Влада.

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме зголемување на мнозинството, не очекувам предвремени парламентарни избори до регуларните избори во 2024 година“, рече Заев.

Минатата недела македонската опозиција и албанските опозициски партии, вклучително и Движењето Беса, не успеаја во Парламентот да издејствуваат на Владата да ѝ биде изгласана недоверба. Причина беше повлекувањето на пратеникот Кастриот Реџепи од барањето. Четири дена не се појави во јавноста, а потоа на прес-конференција изјави дека тоа го сторил по лично убедување, а не поради уцени и притисоци. Потоа Беса информираше дека ја напушта Владата, а Кастриот Реџепи беше исклучен од партијата.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button