ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски кажа дали би го поддржал Африм Гаши за мандатар на владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против премиер на владата, наместо Ковачевски да биде лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис зад името на Африм Гаши и тој, наместо Димитар Ковачевски, да биде идниот мандатар. Еве му можност да се размавне како мандатар. Очекувам дека и албанската опозиција ќе го поддржи овој предлог и очекувам дека и Али Ахмети и ДУИ ќе го предложат и поддржат Африм Гаши наместо Димитар Ковачевски за иден мандатар на владата“, рече Мицкоски.

Како што додаде тој, ако не располагаат со 61 пратеник, Мицкоски ветува поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button