МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не се преговара за Гоце Делчев и за македонскиот јазик!

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека не треба да се преговара со Бугарија за македонскиот јазик и за Гоце Делчев, бидејќи тоа е дел од националниот идентитет. Во интервју за Радио Слободна Европа, Мицкоски порачува дека власта прави лажна слика за тоа што точно е на преговарачката маса со источниот сосед и го обвини премиерот Зоран Заев дека е виновен за бугарскиот меморандум.

„Практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев како држава да прифатиме дека сме нација која постои од 1945. Има ли поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци – мојата баба, мојот дедо, моите прабаба и прадедо кои загинале борејќи се за Македонија, коишто говореле македонски јазик, сето тоа да го поништиме и да го избришеме, затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање“, вели Мицкоски.

Околу внатрепартиските превирања, Мицкоски го повтори ставот дека оние кои бараат негова оставка се „слуги на мафијата“, но дел од поранешните функционери како ексминистерот Никола Попоски и поранешниот технички премиер Емил Димитриев не ги вбројува во истата група.

„Не можам да се согласам дека овие двајца испратија такви пораки. Ако го гледате посебно на Димитриев неговото обраќање може лесно да дојдете до заклучок дека кажува сосема спротивно од тоа што се обидоа да го дефокусираат посебни новинарски прилози за жал. Овие, слугите на мафијата и овие двајца не треба да се ставаат во знак равенство бидејќи имаат сосема различни позиции кои се во насока слични со тие на ВМРО ДПМНЕ“, додава Мицкоски.

Во однос на изгубените гласови на изборите, Мицкоски посочува дека партиските анкети покажале дека 65% од луѓето не излегле да гласаат поради пандемијата со ковид 19, додека за економските мерки предлага продолжување на субвенционирање на платите и  нивелирање на ддв – то во угостителството.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button