ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу училишта го користат летниот распуст за да извршат реновирање

Реновирањето на тоалети, бојадисување и изолација на училиштата се само дел од работите кои се изведуваат во одредени училишта додека учениците уживаат во летниот распуст. Во основното училиште „7 март“ во Чаир веќе се очекува да започне втората фаза од градежните работи кои според новата директорка Фиторе Ќирези се одвиваат со донација од родителите.

„Тоалетите целосно ќе се реновираат со нови, во втората фаза се предвидени некои решетки во магацинот да направиме за обезбедување на алат . Малтерисување и бојадисување на ѕидовите од вториот кат. Исто така, комплетната изолација на покривот, иако е направена порано, тече од покривот. Сето тоа се донации и организација на родителите кои имаат пристап и разбираат градежништво“, рече Ќирези.

До 10 август останува отворен јавниот повик за поднесување барања од училиштата, општините и градот Скопје за финансирање проекти за изградба, проширување, надградба и реконструкција на училишни згради во основните и средните училишта.

„Прашањето на техничката документација е многу важно. Наидуваме на многу потешкотии во комуникацијата, било со основните и средните училишта, па дури и со општините. Имотните прашања на објектите се нерегулирани, прашањето за доставување на комплетна документација вклучувајќи ги и дозволите од општините на локалната самоуправа. До 10 август ќе го имаме прелиминарен список за да ја подготвиме програмата за 2023 година“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

Шаќири рече дека проектите што треба да ги поднесат училиштата, општините и градот Скопје мора да имаат концепти и елементи за заштита на животната средина, енергетска ефикасност и вклученост и достапност на сите деца.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button