ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР за барањето на Турција: Ќе дејствуваме согласно законите и меѓународните договори

Министерството за правда вели дека ќе постапи во согласност со домашните закони и меѓународните договори во врска со барањето на Официјална Анкара за депортација и екстрадиција на 86 турски државјани од земјата. Турција ги обвинува за соработка со, како што ја нарекува, терористичката организација ФЕТО.

„Министерството за правда соработува со турските власти за ова прашање. Случаите и лицата за кои прашувате ќе бидат обработени според постојните закони на земјата и меѓународните договори”, рекоа од Министерството за правда.

Одговорот од кабинетот на министерот Маричиќ дојде еден ден откако турскиот амбасадор во Скопје јавно побара нашата држава да депортира 86 турски државјани обвинети за тероризам во Анкара. За 20 од нив е побарана екстрадиција. Амбасадорот Хасан Мехмет Секзичок изјави дека структурите на Фето и понатаму се присутни затскриени зад завесите на приватните образовни институции и трговски компании.

“Сите овие барања се испратени до властите на Северна Македонија, но досега не се преземени чекори во оваа насока”, рече Хасан Мехмет Секзикок.

Турската амбасада упати такво барање и пред четири години. Односно, по неуспешниот пуч во Турција на 15 јули 2016 година, кога загинаа над 250 лица, а околу 2.000 беа повредени. Денес, во спомен на овие жртви, турскиот претседател Ердоган побара од сите држави да ги екстрадираат „ѓуленистите“.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button