КОШАРКА

Дејвис не игра за САД во „Токио 2020“

После Леброн Џејмс, и Ентони Дејвис потврдиja дека нема да игра за американската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри „Токио 2020“. Дејвис изјави дека поради физичките проблеми што ги имаше оваа сезона, тој ќе остане да одмори, за да се опорави за новата сезона. Во меѓувреме, американските медиуми јавуваат дека sвездата на „Голден Стејт“, Стивен Кери, е неодлучен дали да игра на овој настан. Според него, шансите се 50-50 да замине во Токио ова лето, бидејќи за тоа е потребно повеќе време за одмор. Да потсетиме дека овој настан ќе започне на 23 јули и ќе трае до 8 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button