ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МОН ги кандисува наставниците да не се вклучуваат во штрајот од 11 април

Заменик-министерот за образование Љуљзим Алиу за Алсат изјави дека ќе продолжат разговорите со Синдикатот за образование и наука за барањето за повисоки плати и покрај тоа што наставниците имаат закажано штрајк од 11 април. Тој бара разбирање од наставниците.

„Бидете убедени дека и ние како министерство сме за интересот на наставниците и ние сме за тие да бидат мотивирани, да бидат поддржани и да имаат благосостојба која би ги мотивирала да дадат сè од себе во наставниот процес бидејќи од задоволен наставник резултатот би бил многу подобар и за учениците и за нас како родители“, изјави Љуљзим Алиу, заменик министер за образование и наука

Но, СОНК не се откажува од одлуката за штрајк. Бара покачувањето на платите во образованието и во градинките првично да биде 18% и тоа почнувајќи со мартовската плата.

„Она што е важно во моментов е да имаме почетна позиција со зголемени плати и потоа да продолжиме да преговараме. Не станува збор за закани или уцени, тоа се очекувања и реални потреби на нашите членови“, изјаваат од СОНК

Синдикатот бара родителите да имаат разбирање во деновите кога штрајкот ќе биде активен. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button