ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Може ли да се очекува поскапување на парното греење, еве што вели Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги преземе сите механизми за да имаме стабилна ситуација со цената на топлинска енергија имајќи ги во предвид цените со природниот гас на берзите во Европа, порача денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и додаде дека во никој случај нема да поскапи парното за домаќинствата.

-Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, единствено може да дојде до намалување во зависност дали ќе има субвенции, дали ќе нема. Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за не домаќинствата, но се решивме да им се помогне пред сѐ на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, рече Бислимоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button