РЕГИОН

Можно е да се воведе задолжителна вакцинација против ковид во Хрватска

Хрватскиот вицепремиер и началник на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави дека е можно воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот во оваа земја.

Говорејќи за зголемувањето на бројот заразени, Божиновиќ рече дека туристичката сезона оваа година била подобра од 2019 година и дека се очекува зголемување на бројот на заразени.

„Не сме изненадени од зголемувањето на бројот на заразени луѓе, влегуваме во есен и затоа постојано зборувам за препораки што се сведуваат на физичка дистанца, носење маски во затворени простории, проветрување во затворени простории и вакцинација“, рече Божиновиќ.

Тој објасни дека кога се ќе се земе предвид и кога се разгледуваат искуствата од светот, вакцинацијата се смета за единствен излез и мора да се инсистира на тоа.

Министерот рече дека е можно воведување задолжителна вакцинација и дека треба интензивно да се разговара и додаде дека посебен акцент ќе биде ставен на ранливите групи, како што се оние во болниците или домовите за стари лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button