ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МТСП бара од Кризниот штаб зголемување на бројот на деца во градинките

Министерството за труд и социјална политика побарало од Комисијата за заштита од заразни болести зголемување на бројот на деца во градинките, откако податоците од последниве седум дена покажале намалување на бројот на новоинфицирани деца и вработени. Како што прецизираше  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, барањето се однесува на проширување на бројот на деца во групите.

„Заради потребата да се вратат децата во градинка, а заради пред сѐ безбедната епидемиолошка состојба, упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести препорача на Кризниот штаб, бројот на деца коишто ќе бидат во градинка се зголеми од 15 на 20 деца и тоа утре ќе оди како предлог на Влада и верувам дека ќе биде донесена“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button