МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со околу 2.000 амандмани на законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со Коалицијата поднесле околу 2000 амандмани на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата.

Во партиското соопштените меѓудругото се додава:

Како одговорни пратеници досега во неколку наврати повикувавме и апелиравме до Владата, Министерството за одбрана и министерката Шекеринска дека овој предлог закон кој што е во собраниска процедура не е добро законско решение и дека има одредени аномалии и недостатоци. Сепак, владата и министерството за одбрана упорно немаат слух и разбирање за нашите барања и забелешки кои се исклучиво во интерес на Армијата на Република Македонија.

Од тие причини, нашата пратеничка група поднесе околу 2000 амандмани бидејќи во ова предлог законско решение не се вметнати и опфатени нашите забелешки. Со поднесувањето на овие амандмани нашата цел е да ја натераме Владата, министерството за одбрана и владејачкото мнозинство да размислат и да ги прифатат нашите суштински забелешки и амандмани со што воениот и цивилниот персонал на Армијата ќе ги остварат своите права, признати во меѓународното право и загарантирани согласно Уставот на Република Македонија.

Нашите барања и суштински забелешки преточени во амандмани на овој Предлог закон се јасни и конкретни.

Имено, целта на нашите амандмани е подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж или со навршување на 55 години возраст. Доколку ова не биде на овој начин регулирано како што бараме, ќе се појави контрадикторност и ќе се изгуби смислата од потребата на бенифицираниот стаж.

Исто така, бараме и предлагаме да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button