ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„МВР им издавало на балкански криминалци македонски документи со лажни идентитети!“

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави документи за тоа како неколку лица осомничени за организиран криминал во регионот добиле документи за идентификација и патни исправи од С. Македонија. Според нивното досие, еден од босовите на турската мафија, Седат Пекер, има македонски пасош и лична карта издадени од Полициската станица во Драчево. Според ВМРО, тој со лажен идентитет, според документите како Џадин Амедовски, со адреса во Скопје, престојувал и дејствувал незаконски долго време во земјава, сè до апсењето на 18 јануари, по што беше екстрадиран на Косово бидејќи имал и косовско државјанство.

„Седат Пекер имал косовски пасош, па поради тоа е протеран таму. Но, по само четири дена откако официјално е протеран, тој на 21 јануари годинава си доаѓа во полициската станица Драчево, се слика и поднесува барање за лична карта со украден идентитет на Џадин Амедовски… Медиумите во Турција го опишуваат како водач на турската мафија, суден за убиства, државен преврат.“

Од ВМРО на брифингот со новинарите рекоа дека станува збор за организирана криминална група која интервенирала во државните органи за издавање документи со лажен идентитет на најмалку 200 лица од регионот, но и од Јужна Америка и Азискиот континент. И шефот на српскиот клан наречен „Шкаљарски клан“ Јован Вукотиќ, има македонски пасош со лажен идентитет како Ѓорѓи Андонов, издаден во СВР Скопје во 2017 година, со кој патувал низ повеќе европски земји, велат од партијата на Мицкоски.

„Станува збор за афера во која се вмешани највисоките владини структури со најниските структури на организираните криминални групи на Балканот. Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го ставија целиот државен апарат во функција на најопасната мрежа во Источна Европа. Аферата „Мафија“ докажува дека земјата стана гнездо, помагајќи во соработка со балкански нарко-шефови кои се најбарани за организиран криминал, трговија со дрога, насилство и убиства.“

За ваквите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, од истражните органи не добивме одговор. Според ВМРО, станува збор за лица кои преку мито и со други начини ги корумпирале државните службеници за да добијат оригинални документи, но со украдени идентитети на државјани на Македонија.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button