ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Пасошите и возачките дозволи со Република Македонија важат уште утре

МВР: Пасошите и возачките дозволи со Република Македонија важат уште утре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Преспанскиот договор патните исправи со името Република Македонија важат уште утре, а од 13 февруари-вторник во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

-Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, велат од МВР.

Што се однесува до личните карти, ги известуваме граѓаните дека тие ќе важат и по 13 февруари, граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави.

Од 13 февруари, ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button