ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Травари: Најголем број од делегатите не беа присутни на Собранието – нејасно е како се собраа 108

Травари: Најголем број од делегатите не беа присутни на Собранието – нејасно е како се собраа 108

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, оценува дека гласовите во Централното собрание на чело со Зијадин Села се манипулирани, а не на вистински членови на партиското собрание. Ваквиот коментар го даде на вчерашната средба со симпатизерите во Гостивар.

„Тешко дека ќе има 108 кога нема делегати, ниту еден од Липково, ниту еден од Гостивар, половина од пратениците од Скопје, ниту тројцата од Кичево, двајцата од Струга и ако ги соберете сите заедно, тие се 75. Сега не знам како излезе нивниот број, но имињата на делегатите беа на веб страницата и се избришале но за среќа ние ги снимавме и кога има судски процес ќе ги покажеме Но, мислам дека оваа тема треба да се затвори. Од денес нашите патишта се одвоени. Тие што мислат дека треба да и се помогне на ДУИ, нека продолжат“, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари го повтори ставот дека партијата не ја прават ниту печатите, ниту канцелариите. Тој изрази уверување дека партијата донела правилна одлука, а другите, како што рече, се качиле во погрешен автобус. Во АА, рече Таравари, ќе има место за членовите на АА кои моментално се со спротивната страна. Во случај да не победи на изборите, Таравари најави оставка.

„Побарав да ме поддржат на неколку избори, да ме поддржат и да ја видат мојата визија. Ако не победиме на 8 мај, таа вечер ќе си поднесам неотповиклива оставка и повторно ова важи. Но народот, 90% од поддржувачите, симпатизерите на Алијанса за Албанците се тука. Погледнете го духот и позитивната енергија што постои кај луѓето“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Првиот човек на АА рече дека ќе седне на маса со партиите од Европскиот сојуз за промени за да се направи програмата и да се конкретизира соработката во наредниот период.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button