СПОРТ

На претпоследниот ден од Олимписките игри доминираа Американци и Кенијци

Со маратонската трка се најавува и крајот на Олимписките игри, а во женска конкуренција, нова олимписка шампионка е Перес Јепчирчир од Кенија, која стигна на целта за 2 часа, 27 минути и 20 секунди. На второто место со задоцнување од 16 секунди стигна Брижит Костеи, исто така од Кенија, додека бронзениот медал ѝ припадна на Американката Моли Сејдел со задоцнување од 26 секунди. На маратонската трка имаше 87 тркачи, а само 73 од нив ја завршија трката.

Соединетите Американски Држави се освојувачи на златниот медал во кошарка откако во финалето ја совладаа Франција со 87-82. Американските кошаркари им се одмаздија на Французите за поразот на почетокот на турнирот во Токио, освојувајќи го 16 -от златен медал на 19 настапи досега и први што го освоија со само еден пораз. Најефикасен кај новиот олимписки шампион беше Кевин Дурант со 29 поени, додека кај Франција се истакна Фурние со 19.

Јања Гарнбрет доминантно го освои златниот медал во дисциплината алпско планинарење. Атлетичарката од Словенија е првата победничка во спортот што дебитираше на Олимписките игри. Во првата дисциплина, 22-годишната Словенка заврши на 5-то место, но во двата останати предизвици беше доминантна, оставајќи ги зад себе Јапонката Михо Нонаке и Акијо Ногучи.

Дуото од Норвешка, составено од Андрес Мол и Кристијан Сорум се освојувачи на златниот медал во одбојка на песок. Во големото финале, Норвешка ја совлада репрезентацијата на Русија со 2-0 во сетови.

Во боксот беа доделени првите златни медали. Во лесна категорија, Британецот Галал Афал го совлада боксерот од Филипини, Карло Палам со 4-1, додека во женска конкуренција, Бугарката Стојка Крастева е освојувачка на златниот медал, откако ја победи противничката од Турција, Бусе Чакироглу со 5-0. Во средна категорија, Хорберт Соуса од Бразил го победи Украинецот Олександар Крижњак со технички нокаут во третата рунда, додека кај жените, златниот медал ѝ припадна на Бусеназ Сурменели од Турција, кој ја порази Кинезинката Хинг Гу.

Во натпреварите со кајак денеска се одржа само едно финале во индивидуални натпреварувања. Во спринт трката на 1000 метри, златниот медал го освои Базел Квериоз дос Сантос. Втор беше Кинезот Хуао Ли, додека бронзениот медал го освои атлетичарот од Молдавија, Сергеј Тарновски.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button