МАКЕДОНИЈА

Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни новиот слоган – „Македонија за сите“

Новиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите“ конечно ќе биде исполнет и реализиран, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, пратеничката од опозициската партија, Дафина Стојановска. Запрашана дали ја копираат СДСМ, чијшто слоган на изборите беше – “Едно општество за сите“, Стојановска вели:

„Иако некој, можеби поради задни намери може да го спореди овој слоган со оној на СДСМ, разликата е во тоа што ние навистина ќе го спроведеме. Кога велиме – Македонија за сите граѓани, ние остануваме партија којашто се грижи за македонското национално единство, но и партија којашто ги почитува сите останати националности коишто живеат во Македонија“, рече Стојановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button