ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Најавен состанок на Комисијата за заразни болести околу пертусисот

Се очекува денеска да заседава Комисијата за заразни болести за состојбата со болеста пертусис (голема кашлица) во државава.

Од 15 до 21 март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, со 67 отсто зголемување споредено со претходниот седмодневен период, покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен во понеделникот.

– Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Куманово,  Битола, Тетово, Дебар и во Струга. Возраста на заболените се движи до 44 години. Најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години. Од новите 72 случаи, девет се хоспитализирани – седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и 20 до 29 години, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 21 март, во државава се регистрирани вкупно 287 случаи на голема кашлица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button