ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

НАкС: Со загриженост ги следиме најавите за измени во Законот за високо образование – МОН ја повторува 2014 г. со овој процес

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека со загриженост ги следи најавите од Министерството за образование и наука (МОН) дека до крајот на годината Законот за високо образование од 2018 година ќе претрпи измени. Дополнително, велат оттаму, ресорниот министер Јетон Шаќири го одбил нивното барање за средба во која би се запознале со целите на законските измени, што, како што велат, потврдува оти процесот е затворен и без вклученост на сите чинители.

„Сето ова нè потсетува на едни минати и мрачни времиња, кога законски измени беа туркани низ Собранието со фуриозно темпо и без суштинска расправа, во крајно нетранспарентни процеси, и тоа во интерес на многу мала група на луѓе“, наведува Синдикатот.

Затоа, како што велат оттаму, од МОН побарале ваквиот процес итно да биде запрен, а да се отпочне нов откако ќе се направи сеопфатна анализа на постојниот Закон во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

„Само на тој начин МОН и Владата ќе покажат дека не ги повторуваат грешките од минатото. Да ве потсетиме на општествените промени кои започнаа во 2014 година – нема да дозволиме да се руши она за кое сме се избориле. Нема да дозволиме мала група на луѓе од позиција на моќ да одлучуваат за закон кој ја засега целата академска заедница“, порача Независниот академски синдикат во реакцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button