ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19

Продолжува намалувњето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година.

Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,2 % до 12,5%, просечно 10,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=893; 55,7%), а највисока неделнаинциденца е регистрирана во Кавадарци – 204,9/100.000, Делчево – 184,0/100.000 и Битола –178,3/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група налица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела(28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел однив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната групанад 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button