ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нападот врз новинари ќе се третира како напад врз службено лице

Нападот врз новинари, снимател или фоторепортер ќе се смета како напад врз службено лице. Минстерот за правда најави измени на Кривичниот законик кој ќе предвидува освен парична и затворска казна до три години за оној кој ќе попречува или нападне медиумски работник при извршување на неговите работни задачи. Новина е што обвинителството, за напад на новинар ќе мора да постапува по службена должност, а не како до сега со пријава до обвинителството.

Министерот најави дека ќе предложат намалување на казните за навреда и клевета. Сумата се намалува од 2 илјади на 400 евра за новинар, за главниот уредник од 10 казната се намалува на 2 илјади евра додека медиумот наместо досега предвидените 15 илјади за клевета ќе треба да плати пет илјади евра. Измените според министерот треба да се изгласаат по летната пауза и да бидат усвоени во текот на месец септември.

„Законската рамка за овие кривични дела или зајакнати кривични дела за напад врз новинарите е до три години затвор. Сметаме дека на некој начин тоа е воедначено со нападот над службено лице кое се однесува на оние професии кои се посебно заштитени со кривичниот законик“, рече Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button