ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба во земјава стабилна

Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба во земјава стабилна

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. رهان الخيل Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. روليت كازينو Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.

“Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. كيف تربح المال من النت Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките”, рече Петличковски.

Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.

“Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала”, додаде Петличковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button