ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нема одговорност за пропаднатата еврообврзница

Никој нема да сноси одговорност за пропадната Еврообврзница, поради тоа што новоиздадената е со повисока каматна стапка, односно ќе треба да вратиме повеќе пари. Наместо да каже каде е вината, ресорниот министер Фатмир Бесими пред новинарите држеше час по финансии како се трошеле парите од буџетот. Но, тврди дека зголемената каматна стапка нема да значи и поскапа обврзница бидејќи имало промена во инфлаторните движења.

„Ако гледаме на 600 милиони евра во февруари и ако имаше 600 милиони сега, само со еден инструмент кој е евидентен се од прилика на исти трошоци, ако се смета дека 100 милиони би оделе со буџетска поддршка“, рече Бесими.

За во иднина Владата ќе предлага закон со кој издавањето на Еврообврзници нема да зависи само од Министерството за правда. За разлика од Бесими, неговиот колега од владата Фатмир Битиќи вели дека доколку се утврди дека штетата е предизвикана од човечки фактор, тогаш ќе бара одговорност.

„Секогаш одговорноста не може да биде колективна, мора да биде лична“, рече Битиќи.

Пред две недели владата ја откажа Еврообврзницата поради тоа што Министерството за правда остана без министерот Тупанчевски, а токму тој требаше да го потпише издавањето на овој финансиски документ за заем. Еврообврзница беше тешка 600 милиони евра со каматна стапка од 6,25 отсто и рок за враќање од четири години. Новоиздадената е со вредност од 500 милиони евра, но со каматна стапка од 6,96%. Според пресметките, само по основ на камата земјава треба да врати 18 милиони евра повеќе во однос на пропаднатата еврообврзница.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button