ЗДРАВСТВО

Нема регистар на заболени од хронични заболувања, се троши без контрола

Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски вели дека тешката состојба во здравствениот систем е резултат на криминал и корупција. Што се однесува до институцијата што ја води, вели дека работат со застарена стратегија за работа, од 2015 година.

Поради тоа што нема регистар, директорот на Фондот за здравство вели дека парите се трошат без контрола, бидејќи не знаат колку болни има и од какви болести боледуваат.

Според студијата спроведена од професорот на Факултетот за здравствена економија во Холандија, излегува дека граѓаните во Македонија многу скапо плаќаат здравствени услуги.

„Македонија како и другите земји од регионот има негативна споредба во приватните плаќања – во другите земји е околу 15 проценти, додека во Македонија е околу 40“, рече Вим Грот, професор на Факултетот за здравствена економија во Холандија.

Рита Колумбија, претставник на Обединетите наци во Македонија, рече дека на земјата и е потребна дигитализација на здравствениот систем.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button