РЕГИОН

Ненадејно почина пејачот Џеј Рамадановски

Познатиот српски пејач Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст, јави дописиникот на МИА од Белград.

Според медиумите Џеј Рамадановски почина како резултат на проблеми со срцето, по неуспешните обиди за реанимација на екипите од Итната медицинска помош.

Роден е во големото семејство на чевлари на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од општина Ресен во Македонија.

Џеј имаше операција на срцевиот залисток пред неколку години. Во неодамнешното интервју, тој рече дека од почетокот на пандемијата, тој практично цело време е во карантин, бидејќи коронавирусот би бил фатален за него.

Тој зад себе остави две ќерки, Ана и Марија. За време на својата музичка кариера тој издаде 15 студиски албуми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button