ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Неработна НЕДЕЛА – фирми не даваат списоци со вработените кои работат

Најголемиот дел од работниците кои стандардно во недела одеа на работа, вчера имаа слободен ден. Податоците на Државниот инспекторат за труд велат дека во најголем дел од случаите новиот закон за неработна недела се почитувал. Но, најголем проблем засега прават работодавачите кои не ги пријавуваат вработените кои во недела ќе дојдат на своето работно место и кои треба да добијат повисока дневница. Станува збор за дел од дејностите кои имаат право да работат и во недела. Во јавноста се појави и дилемата – во кои дејности може во недела да работи само сопственикот на компанијата?

„Дадено е право да работи трговија на мало, со храна, пијалоци и тутун. И тоа само на трговците поединци, да работи само сопственикот. Значи, продавници кои се без овошје и зеленчук и да работи само сопственикот на продавницата и друштво со ограничена одговорност од едно лице ДОЕЛ“, вели Оливера Лазаревска Виш инспектор од ДИТ.

Инспекторите и вчера биле на терен. Од фирмите и дуќаните кои биле затекнати да работат, речиси сите имале дозвола, освен во еден случај и за него инспекторите изрекле казна. Петнаесет дена нема да смее да работи. Во случај да ја повтори грешката, санкцијата ќе биде двојно зголемена, односно ќе следува 30-дневна забрана за работа. Во однос на паричната казна таа се движи од големината на фирмата, односно од 200 до 1.000 евра. Во недела право да работат имаат моловите, трговските центри и останати дејности за кои е утврдено дека не е можен прекин на производствениот процес, а работниците за тој ден треба да добијат повисока дневница и слободен ден.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button