ВЕСТИСВЕТ

Нови ограничувања за патниците надвор од ЕУ

Амбасадорите на земјите од Европската унија усвоија нови ограничувања за патниците надвор од Унијата, а меѓу овие мерки, задолжителен е негативен тест за коронавирус. ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година, а во јуни направи список, кој редовно се ревидира и се однесува на патници од земји надвор од Унијата, кои не можат да патуваат во ЕУ, ако се оцени дека патувањето не е апсолутно потребно. Некои земји, како што е Франција, ги затворија своите граници во неделата, освен за итни патувања.

Договорот на амбасадорите треба да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ. Договорот предвидува нови критериуми за влез на граѓани од земји што не се членки на ЕУ. Земјите од кои доаѓаат патниците мора да имаат стапка на инфекција со коронавирус помала до 25 новоинфицирани на 100.000 жители за 14 последователни дена. Исто така, мора да се земе предвид присуството на други видови на коронавирус од земјите од кои патниците пристигнуваат на територијата на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button