ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нухиу со реакција по одлуката од Апелација за Мијалков

Заменик министерот за правда, Агим Нухиу, реагираше во врска со одлуката на Апелациониот суд во Скопје за промена на одлуката за мерката за безбедност за Сашо Мијалков.

Нухиу рече дека овој суд треба да ја оправда пред јавноста одлуката што ја донел денеска притоа повикувајќи го Судскиот совет да ги преземе неопходните мерки за преиспитување на оваа постапка.

„Апелациониот суд во Скопје нека ја оправда пред јавноста одлуката за промена на мерката за безбедност во случајот Сашо Мијалков и како судиите го искористија дискреционото право – слободно убедување за ваква одлука! „Судскиот совет да ги преземе неопходните мерки за да ја разгледа оваа постапка на судството што ја вознемири јавноста!“, се вели во објавата на Нухиу на социјалната мрежа Фејсбук.

Пред неколку минути реагираше и министерот за правда, Бојан Марчииќ.

Министерот побара појаснување од Апелациониот суд додека, според него, ваквата одлука дополнително не ја намали довербата на граѓаните во судството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button