ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Бруталното апсење на Бошковски, политички мотивирано

Политички реваншизам е мотивот, Љубе Бошковски да биде уапсен на брутален начин пред 10 години, заклучи обвинителството во завршниот збор за случајот „Тортура“. Лидерот на Обединети за Македонија беше уапсен еден ден по изборната победа на ВМРО – ДПМНЕ или на 6 – ти јуни 2011 година. Бошкоски беше совладан на земја со лицето свртен кон полски тоалет додека телевизиите го снимаа. Обвинителот посочи, дека постои причина зошто полицискта снимка од лишувањето од слобода е сечена а дел од лицата се со заматени ликови.

„Точниот одговор на ова прашање се наоѓа во аудио снимката од разговорот помеѓу тогашниот портпарол на МВР Иво Котевски и тогашниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од 6.6.2011 година каде јасно се слуша дека на снимките имало понасилни сцени на што Гордана одговара да се одберат непонасилни на што Иво кажува, тоа легнување на асфалт може ама Пуки или некој од другиве му бутнале пиштол во уста, а Гордана вика тие нека не се даваат“, вели Љубомир Лапе, обвинител.

Обвинителот во завршен збор, посочи дека снимката од бруталното и понижувачко апсење на Бошковкски не го снимила МВР, туку тајната полиција која тогаш ја водеше Сашо Мијалков. Дополнително, вештачењето врз Љубе Бошкоски покажало дека тој доживеал душевно страдање од начинот како бил уапсен. За адвокатите на обвинетите, апсењето на Љубе било законско.

„Јавноста и ден денеска може снимките да ги провери и од истите може да се види дека е спроведена најпрофесионална акција на апсења на лица“, рече Петар Василев, адвокат.

Во „Тортура“ обвинети се Сашо Мијалков и шест лица од едницата Алфи. Според обвинението за бруталното апсење на Бошкоски, предвидена е затворска казна од минимум три до максимум осум години затвор.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button