ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Oбвинителство: Ги следиме коментарите на социјалните мрежи за случувањата во Украина

Коментарите и изјавите на социјалните мрежи за случувањата во Украина се интезивно ги следат Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно. Од Обвинителство велат дека во согласност со законските надлежности кривично ќе ги гонат сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе сторат кривично дело „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

„Законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Во него е наведено дека ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Во членот 404 од Кривичниот законик прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.
Обвинителството апелира до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button