ВЕСТИСВЕТ

Од една страна заострување на мерките, од друга протести: Како европските земји се справуваат со ковид-ситуацијата

Од 1 октомври, здравствените работници во Хрватска ќе мора да имаат ковид-сертификат за доаѓање на работа, и доколку не се вакцинирани или не прележале, ќе можат да се тестираат на државна сметка. Со ова, Хрватска практично најави воведување на сертификати за ковид во болниците, што е далеку поблаго од ограничувањата во повеќето европски земји.

Од среда, Словенија ќе воведе задолжителни сертификати за ковид за сите постари од 12 години.

Во меѓувреме, во Европа викендов се оджаа неколку собири на противниците на вакцинацијата. Бруталните судири на улиците во Франција траат девет недели, а овој пат причина за протестот е стапување во сила на обврската за вакцинација за здравствените работници.

Меѓу оние што протестираа имаше негуватели, медицински сестри и физиотерапевти. Ако не се вакцинирани, тие ќе бидат суспендирани од работа и нема да можат да одат во барови или трговски центри без пропусница.

Собирот уште се нарекува протест на таканаречените патриоти, кои не веруваат во вакцини.

Илјадници истомисленици во Грција беа растерани со водени топови и солзавец. Но, ова не се први протести, бидејќи демонстрациите траат од јули, кога Владата ги повика здравствените работници да примат барем една доза од вакцината, потоа го повтори повикот, а оние што одбиваат не можат да одат на работа, пишува 360 Степени.

Протести против заострување на епидемиолошки мерки викендов се одржаа и во Виена, Истанбул, делови од Холандија.

А, од Данска доаѓа сосема друга приказна.

Откако 83 проценти од Данците беа вакцинирани, сите епидемиолошки мерки се укинати, а потоа се одржа концерт на кој се собраа 50 илјади луѓе. Пред почетокот, сите невакцинирани лица можеа да се вакцинираат.

Во Обединетото Кралство се случи пресврт. Иако се очекуваше да се воведат сертификати за ковид за влез на сите големи настани, вклучително и клубовите, министерот за здравство објави – ништо од тоа.

„Се разбира, ние се уште сакаме да бидеме внимателни. Некои мерки се уште ќе треба да останат во сила, како што се оние поврзани со патувањето. Сепак, негативен ПЦР тест при враќање во земјата – сакам да се ослободам од тоа што е можно поскоро“, изјави Саџид Џавид, британскиот министер за здравство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button