ВЕСТИЗДРАВСТВО

Од утре стартува вакцинацијата на деца од 12 до 17 години

Со вакцината Фајзер од утре ќе се имунизираат деца од 12 до 17 години. Тие мора да бидат пријавени на сајтот „vakcinacija.mk“ од нивните родители или старатели. За вакцина има пријавено околу 1.800 деца. Ова доаѓа откако Европската агенција за лекови ЕМА, во мај одобри вакцинација на деца од 12 години. Докторката Катерина Ставриќ од Клиниката за детски болести вели дека студиите докажале оти вакцината Фајзер е безбедна и ефикасна за децата.

„Посебен апел до децата коишто имаат хронични заболувања, кардиопатии, невролошки заболувања и други хронични коишто вклучува во високоризични групи, особено овие деца треба да се вакцинираат. Во однос на другите деца пожелно е да се вакцинираат пред сè поради својата социјална активност и се надеваме дека од септември ќе почнат со физичко присуство на училиште, за да можат да ги заштитат домашните“, рече д-р Катерина Ставриќ, Клиника за детски болести.

Утре продолжува и теренската вакцинација во 53 населени места, на други локации од претходно. Министерството за здравство секојдневно информира кој ден и на која локација ќе се одвива теренската вакцинација.

„Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Со помош на локалните медиуми и плакати ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација“, рече министерот Филипче.

Граѓаните може да се вакцинираат без закажан термин во вакциналните пунктови. Вчера се вакцинирале околу 10.000 лица. Според последните податоци, со две дози имунизирани се 270.000 граѓани, односно околу 13%, а околу 180.000 ја примиле само првата. Во светот пак, населението на британската територија, Гибралтар е целосно имунизирано, а во Малта 80% примиле две дози. Во регионов, пред нас се Албанија со над 15% имунизирано население со две дози, Србија со 38%, Грција со 44%, додека Косово и Бугарија засега имаат помалку целосно вакцинирано население отколку кај нас.

ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА УТРЕ (19.07.2021):

Делчево – Муштица
Гостивар – Градец, Калиште, Ѓурѓевиште, Ломница
Ресен – Стење, Коњско, Царина
Штип – Долани, Љуботен, Балталија, Лакавица, Пухче, Степанци
Свети Николе – Црнилиште, Кадрифаково
Виница – Виничка Кршла, Јакимово
Демир Хисар – Загориче, Обедник, Смилево
Струга – Прискупштина, Безово
Крушево – Врбоец, Св. Митрани, Пресил
Струмица – Гр. Балдовци
Неготино – Корешница
Пробиштип – Добрево
Кочани – Оризари
Кичево – Колари, Тајмиште, Букојчани, Мидинци
Битола – Горно Оризари, Раштани, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Секирани, Габалавци, Црнеец
Охрид – Орман, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Скребатно, Лескоец
Македонски Брод – Звечан
Велес – Оморани, Мартолци
Крива Паланка – Ранковце
Берово – Митрашинци

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button