ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тек е состанок на Kомисијата за историја: Ќе има ли овој пат напредок во разговорите?

Во тек е онлајн состанок на тимовите од македонска и од бугарска страна во мешовитата историска комисија, потврдија оттаму за „360 степени“.

По завршувањето на состанокот, се очекува да биде објавено соопштени за исходот од разговорите во оваа фаза меѓу историчарите од двете земји.

Медиуми во Софија јавија дека бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, ќе даде изјава за медиумите во 16 часот по локално време, во зградата на бугарското МНР, а по 14-тиот состанок на Комисијата, одржан преку видеоврска на 10 и 11 јуни 2021 година.

На 13.состанок на Комисијата што се одржа во април се разговараше за македонските учебници за седмо одделение, додека темата за Гоце Делчев, како што беше соопштено, воопшто не била отворена на барање на бугарската страна. Македонскиот копретседавач Драги Ѓоргиев тогаш изјави дека двете страни останале на истите позиции и дека главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button