ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание

Во Прилеп синоќа почна одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание и 80-годишнината од овој настан кога во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна. Според програмата, На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ се обратија премиерот Зоран Заев, кој повика да се надминат поделбите и на обединување со што ќе се исполни аманетот на предците од Илинденското Востание преку АСНОМ до референдумот за независност. Празничната програма заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година. Свеченостите по повод 11 Октомври продолжуваат денеска кога во Прилеп во 9 часот делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор и на гостите од странство ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button