ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетиката на собраниска седница

Одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката е ставена на дневен ред на денешната 86. собраниска седница. Според владиниот предлог, кризната состојба на територија на цела држава треба да биде продолжена до 30 април следната година. За Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, прогласувањето на кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со енергетската криза.

„Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата“, рече Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна. Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button