ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одронот на патот кај Косоврасти е исчистен

Поради заматување на водата во локалниот водовод во Маврово како резултат на земјотресите, општината ги повика граѓаните да не ја користат за пиење водата од чешмите. Во однос на оштетувањата врз некои објекти, Маврово – Ростуше ќе формира комисија за утврдување на штети. Сопствениците на објектите треба да ги пријават оштетувањата во општината. Инаку, после земјотресот од попладнево дојде до лизгање на земјиште кај селото Долно Косоврасти при што на неколку часови беше во прекин патот Маврово – Дебар, но одронот е веќе расчистен и патот е прооден.

Фотографија преземена од ФБ Долно Косоврасти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button