ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставните судии се правдаат за платите, ни дозволија амбасадорите на ЕУ и САД

Уставниот суд се јави. Додатокот за плата од екстра 35% го донеле сами преку интервенција во Деловникот за работа. Покачувањето било за да се зацементирала самостојноста и независноста на Уставен, а судиите да добијат статус кој бил соодветен на нивната одговорност.

Уставен суд

„Статусот на уставните судии е многу понизок од она што е на пример предвидено за судиите од редовното судство. И овде не станува збор само за материјални права, туку и за правата од нематеријален карактер за судиите предвидени со Законот за судовите.“

Уставен убедува дека пред самите да одлучат да се наградат со по минимум петстотини евра плус, анализирале. Анализирале долго. Правеле компарации како функционирале Уставните судови во регионот, но и во ЕУ. Судиите имале серија состаноци пред да одлучат дека заслужуваат повеќе пари. До владата испратиле Нацрт – предлог Закон за Уставниот суд, но не кажуваат што добиле како одговор од Илинденска. Зелено светло за финансиската инјекција добиле од амбасадорите на ЕУ и САД во земјава. Во соопштението, има и порака до медиумите.

Уставен суд

„Продолжува праксата на објавување на коментари и написи поврзани со Уставниот суд со кои се изнесуваат одредени тврдења без претходно да се побара коментар од самиот Суд.“

Но, Уставниот суд три дена не даваше објаснување, зошто, како и по кој основ си ги зголемиле платите? Иако подготвија соопштение, не одговорија – дали е законски зголемувањето да биде со измени во Деловникот, наместо во Собрание, како што посочија некои правни експерти. Дали Буџетот на судот може да издржи плус 30.000 денари за секој судија, покрај редовните плати од над 90.000 денари? Уставните судии и пролетва беа во центарот на јавноста кога експресно ја урнаа владината одлука сите именувани функционери, меѓу кои и тие, да земаат минималец од 14.500 денари поради корона кризата.

Bojan Stojanovaki

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button